Менаџмент - Управување со Вашиот имот

 

Во поглед на управување со имотот, девизата според која се води ДОМ - ДИЗАЈН е - професионално и лојално управување на истиот, којшто претставува предмет на закуп. Со цел да се олеснат Вашите обврски, кои произлегуваат од договорот за закуп, ДОМ – ДИЗАЈН ви нуди пакет на услуги по принцип на менаџирање.

  • >Ви обезбедуваме комплетна правно-имотна заштита (со единствен договор за соработка) !
  • >Ви овозможуваме редовна и навремена уплата на закупнината за Вашиот имот !
  • >Ви овозможуваме редовна и навремена уплата на тековните комуналии за Вашиот имот !
  • >Ви ги организираме и извршуваме сите неопходни поправки и штети настанати со нормална употреба, а се резултат на амортизација и истрошеност (обврски преземени по основ на договор за закуп, а се обврска на закуподавачот)
  • >Ви ги организираме и извршуваме сите структурни поправки на објектот и неговата инсталација,покрив, подови, ѕидови (обврски преземени по основ на договор за закуп, а се обврска на закуподавачот)
  • >Ви ги организираме и извршуваме поправките на сите ненамерни причинети штети на имотот од страна на закупецот (обврски преземени по основ на договор за закуп, а се обврска на закупецот)
  • >Ви обезбедуваме чистење на имотот со придружно перење и пеглање по договор
  • >Ви го организираме пријавувањето и одјавувањето во службата за внатрешни работи за странски државјани

Без разлика дали е стан, куќа, деловен простор или зграда, тимот на ДОМ - ДИЗАЈН поседува способност да ги задоволи Вашите потреби. Со преземањето на обврската за издавање или закупување на Вашиот недвижен имот, се понатаму претставува наша грижа. Нашата цел е Вие да бидете задоволни и безгрижни! Гарантираме дека Вашиот имот ќе биде надгледуван од професионалци и ќе биде добро одржуван за време на закупот. Со нашето посредување, двете страни ја постигнуваат оптималната цена по единствениот принцип во овој бизнис - ”ПОБЕДНИК - ПОБЕДНИК”.


Дом Дизајн.© Сите права задржани. 2024     Web Design by BNS